Кандидатите за градоначалници на СДСМ се во предност во Ѓорче Петров, Велес и Центар и Струмица пред кандидатите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „Макфакс“ од штабот на СДСМ.
Од опозиционата партија велат дека водат во Струмица со повеќе од 10 отсто разлика, во Куманово се во минимална предност, а во Битола во мала предност е ВМРО-ДПМНЕ
Од СДСМ признаваат дека губат со голема разлика во Прилеп, Гевгелија, Аеродром и Кисела Вода.
ВМРО-ДПМНЕ победува во најголем број од општините во Република Македонија, а разликата е поголема од она што го очекувавме, изјави вечерва Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски рече дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се во убедливо водство во Гази Баба, Аеродром, Бутел, Радовиш, во Штип, Виница, во Кисела Вода, Свети Николе, Прилеп, Битола, во Крива Паланка ВМРО-ДПМНЕ води со 1.000 гласови, во Радовиш, во Конче, во Валандово, во Ресен, Гевгелија…
Димовски додаде дека во скопската Општина Центар и во Велес кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ водат мртва трка.
Тој напомна и дека по осум години владеење на СДСМ со Охрид, овој град преминува кај ВМРО-ДПМНЕ, односно со убедлива предност води нивниот кандидат Никола Бакрачески.
OhridNews
извро: „Макфакс“