
Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, возилото било отстрането од коловозот, а сообраќајот нормализиран.
Поради снежни врнежи претходно беше воведена забрана за товарни возила на превојот Стража и на Маврово, но не и на Пресека. По инцидентот, вечерва воведена е забрана за движење на тешки товарни возила и на планинскиот превој Пресека.
Сериозни проблеми на овој планински превој имаше и минатата година, токму околу новогодишните празници, кога стотици граѓани и туристи со часови, а некои со денови останаа заглавени во снегот поради неефикасноста на службите одговорни за одржување на патиштата.
OhridNews
Фото: Архива












