Топла облека, ќебиња, храна, обувки, хигиенски средства може да донираат охриѓани за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

Секој кој е во можност и сака да донира деновиве може да ги достави пакетите до бутикот LaGarage, информира Резан Јахија. Потенцира дека хуманоста на граѓаните веќе се гледа со оглед дека од вчера започнала акцијата , а интересот е голем.

Акцијата за донација ја реализираме добронамерно секако со подадена рака од нашите сограѓани, охриѓани и стружани. Бидејќи донациите треба да стигнат таму кај што е потребно се поврзавме со организацијата Легис од Скопје, каде ќе бидат доставени пакетите. Оваа организација секојдневно испраќа донации до турската амбасада. Оттаму ќе бидат испратени до Турција, додава Јахија.

Потенцира дека и за сите кои сакаат да донираат финансиски средства можат да се информираат на страната и фејсбук профилот на огранизацијата Легис.

И Младинскиот клуб на Турците започнува национална кампања за помош за заздравување на раните на жртвите од земјотресот во Турција, а организациските простори низ целата земја ќе се користат како собирен центар.

Граѓаните кои сакаат да донираат помошта можат да ја достават до собирните центри. Предметите што ќе се соберат ќе бидат основна облека и материјали за чистење како што се ќебиња, греалки, јоргани, чевли, беретки, палта и блузи. Предметите што треба да се соберат мора да бидат чисти и во добра состојба за да се користат. Стоката ќе биде испорачана до службениците на АФАД и доставена на најпотребните места, информираат од клубот.

Во Охрид помошта ќе се собира на местото на организацијa Синан Челеби Дернек, (до аптека Пашоли), а како лица за контакт се наведени:  Eda Rifat +38972541527, Bilge Kakel +389 76 200 573, Aylin Recep +389 70 745 373, Hamza Abas +389 70 777 915, Onur Ago +389 79 278 498.

Може да се донира во период од 12:00 до 20:00 часот.

Н.С.Ј.