Интервенцијата е завршена и водоснабдувањето во централното градско подрачје се нормализира информираат од ЈП Водовод Охрид откако утрово најавија неколкучасовен прекин во овој дел од градот.
Како што претходно информираа од претпријатието планиран беше прекинот во водоснабдувањето на улици „Даме Груев”, „Партизанска”, „Димитар Влахов”, „Кеј Македонија”, дел од „Туристичка” и стариот дел на градот во периодот од 9 до 12 часот поради приклучување на неколку објекти во водоводната мрежа на улицата „Македонски Просветители”.
OhridNews












