Како што пренесе „Макфакс“, пациентката била хоспитализирана на 21-ви февруари во тешка општа состојба со масивна бронхопневмониј. И покрај преземените мерки за интензивно лекување, во четвртокот состојбата и се влошила и констатирана е смрт.
Инаку, вкупниот број на заболени од грип во Македонија од почетокот на октомври до сега , изнесува 13.687 лица, а седум лица починаа, информираат од Институтот за јавно здравје.
Во последната недела биле регистрирани вкупно 2.959 лица со симптоми на грип.
Во споредба со истиот период од минатата година постои зголемување на вкупниот број на заболени за 3,7 пати, а во однос на просекот за истиот период во последните 10 години (со исклучок на пандемиската 2009 година) разликата во бројот на заболени е само 0,1% во корист на оваа сезона.
Најголемиот број заболени биле регистрирани во месец февруари- 8023, односно 58,6% од вкупно заболените. Најголем број и процент од заболените се пријавени од страна на од Центарот за Јавно Здравје Скопје, потоа од ЦЈЗ Тетово, Струмица и Гостивар.
Во однос на возрасната распределба, најголем процент од заболените се на возраст од 15-64 години.
Од институтот за јавно здравје се предвидува дека и во наредните недела-две ќе се бележи пораст на активноста на вирусот на грип.