Драма се случувала вчера попладне во близина на месноста Лабино. Жена на возраст на околу 41 година се обидела да си го одземе животот скокајќи во ладните води на Охридското Езеро. Во намерата ја спречиле случајни минувачи, кои ја извлекле жената од езерото.
Како што информираат од СВР Охрид, настанот се случил околу 17 часот.Тројца минувачи на возраст од 18 и 19 години од Елшани и Охрид, во близина на црквата кај Лабино забележале како жена скока од карпа. Не размислувајќи воопшто тие веднаш скокнале по неа, успеале да ја спасат и да ја извлечат на брегот по што повикале полиција и брза помош. Таа била пренесена во специјалната болница „Св Еразмо“ од каде била префрлена во општата болница во Охрид и се наоѓа вон живота опасност.