Владата и кинеската градежна компанија „Синохидро“ ќе потпишат анекс на договорот за изградна на автопатот Охрид – Кичево, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Toj одби да ги коментира информациите во јавноста дека кинескиот изведувач побарал дополнителни над 130 милиони евра за доизградба на автопатот, посочувајќи дека се работи за шпекулација. Истакна дека има проблеми со трасата и тунелите, но подвлече дека најпрвин ќе се сочека да се направат потребните анализи, врз основа на кои ќе биде утврдена цената на чинење, како и рокот на изградба, што ќе биде дел од анексот на договорот.

Првичниот рок на изградба на автопатот Охрид Кичево беше 1-ви февруари 2018 година, но извесно е дека тој ќе биде пробиен, истакна министерот Сугарески.

OhridNews