Утрово голем број граѓани кои живеат во селата Велгошти, Лескоец, Косел и Долно и Горно Лакочереј, дојдоа да подигнат жардиениери со саксиско цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“, што бесплатно ги подарува Општина Охрид во рамки на акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“.
Акцијата првично беше најавено дека ќе трае два дена од 9 до 13 часот, но поради големиот интерес истата заврши на првиот ден за само 2 часа. На граѓани од споменатите реони на кои беше фокусирана акцијата оваа година, им беа поделени предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе, со што акцијата заврши и нема да продолжи во текот на утрешниот ден, информираат од Одделението за животна средина при Општина Охрид.
Инаку, овој проект Општина Охрид традиционално го реализира во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.
OhridNews












