Утрово голем број граѓани кои живеат на улиците “АСНОМ“, “Јане Сандански“, „Никола Карев“, “Сирма Војвода“, “Карпош Војвода“, “Галичица“, “Ванчо Питошески“, “8-ми Септември“, “Мирче Ацев“ и “Лазо Трпоски“ дојдоа да подигнат жардиениери со саксиско цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“, што бесплатно ги подарува Општина Охрид во рамки на акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“.
Акцијата првично беше најавено дека ќе трае два дена од 9 до 13 часот, но поради големиот интерес истата заврши на првиот ден.
На граѓани од наведените улици на кои беше фокусирана акцијата оваа година, им беа поделени предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе, со што акцијата заврши и нема да продолжи во текот на утрешниот ден.
Инаку, овој проект Општина Охрид традиционално го реализира во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.
OhridNews