Патниот правец Кичево-Охрид-Кичево вечерва од 23:00 часот до 02:00 часот на 02.01.2015 ќе биде во прекин за сообраќај на сите моторни возила, информираат од АМСМ.
Во текот на овие четири часа, возилата кои ќе сообраќаат од Охрид кон Скопје ќе се пренасочуваат на патниот правец Охрид-Ресен-Битола-Прилеп и на патниот правец Охрид–Ресен–Битола–Д.Хисар-Кичево. Возилата кои ќе сообраќаат од Скопје кон Охрид ќе се пренасочуваат на патниот правец Кичево–Д.Хисар–Битола-Охрид. Забраната за товарни возила и автобуси на планинските премини Стража и Буково е се уште во тек.
На патниот правец Струга-г.п. Ќафасан укината е забраната за тешки товарни возила и автобуси.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – крак Маврово-Дебар, Дебар – Струга, како и на планинските премини Стража и Буково и Пресека.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските температури во ноќните часови се забележува појава на голомразица.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Поради ниски температури можна е појава на голомразица.
OhridNews