Три лица го загубија животот во сообраќајната несреќа што ноќеска во 00.10 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на авто кампот Елeшeц.
Во судир на џип „Исузу“ и патничко возило „Рено Канго“, на лице место загинале Христијан Ј. (21), сопатник во џипот. и брачниот пар Кирил Д. (39) и Татјана Д.(28), сите од Охрид. Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на џипот П.Ш. (21), додека вториот негов сопатник Д.С. (23) е полесно повреден.
–Од она што е констатирано во тек на увидот најверојатна причина за несреќата е преминување на левата коловозна лента на возилото „Исузу“ и директен судир со возилото во кое се наоѓала брачната двојка од Охрид.-изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, врз телата за загинатите ќе биде извршена обдукција, а се преземаат мерки за утврдување на околностите под кои се случила трагедијата која го потресе Охррид.
На местото на несреќата извршен е увид во присуство на дежурен истражен судија и заменик јавен обвинител, поради што сообраќајот на патниот правец Охрид Свети Наум беше во прекин околу три часа. Возилата се подигнати за вештачење, а покрај коловозот останаа расфрлани автомобилски делови кои сведочат за страотната несреќа.
OhridNews