
– Осомничениот првин тропнал на вратата од куќата, која ја отворил 51 годишен жител на Злетово и во него испукал неколку куршуми, вели Гордана Панајотова од СВР Штип. Методи Димитровски (51) бил првата жртва, а подоцна ги убил и Илија и Јана Михаилови, по што заминал во својот дом во Злетово. Таму го пронашол и братот на неговата сопруга, со кого физички се пресметал, а откако му било одземено оружјето, се дал во бегство во ридовите над Злетово, каде подоцна е пронајден мртов.
Драган Манолев бил учесник во конфликот од 2001-та, а според неговите соседи претстојувал и во Авганистан.Тој неколкупати е пријавуван во полиција поради физичко и психичко малтретирање на сопругата и нејзините родители, а против него имало и кривични пријави. И покрај тоа, од АРМ бил прогласен за психички здрава личност и му било дозволено да носи оружје.
OhridNews
извор Телма












