Абдулах Алиоски, Рахим Исламоски и Ертај Шашко, тројца студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид се победници на главната награда на WOWZAPP 2012, натпревар организиран од Microsoft. Тројцата студенти се креатори на игра за најновиот оперативен систем на Мајкрософт, Windows 8. Играта исто така ја развиваат и за Windows Phone платформата на Мајкрософт.


Онлајн изданието на „Дојче Веле“ пишува дека тројцата студенти овој прототип го креирале за рекордни 48 часа за време на WOWZAPP хакатонот организиран од страна на Мајкрософт. Играта сеуште е во фаза на развивање, за кратко време се очекува да влезе во фаза на тестирање, за потоа да биде објавена на Windows Store и Windows Phone Store.


Тројцата студенти кои во моментов се невработени, целосно се посветени на студиите. Како што пишува „Дојче Веле“  тие како колеги, но и пријатели планираат по завршувањето на студиите да формираат старт ап компанија и со поддршка од фондовите и останатите видови поддршка за претприемништво во Македонија посериозно да влезат во овој бизнис кој нуди огромни можности.

OhridNews
извор:„Дојче Веле“