Министерството за внатрешни работи ја отфрла информацијата на ТВ Алфа дека е „уапсен шестоосомничен во врска со терористичкиот акт кај Смилковското езеро“, како паушална и невистинита.

– Приведување на нови осомничени нема. Сите кои што беа приведени со соодветни пријави или посебни извештаи беа процесуирани пред Јавниот Обвинител и судот, кои согласно законот и сопствените ингеренции ја водат натамошната постапка, велат од МВР.

Инаку, денес, телевизија Алфа информираше дека полицијата уапсила шестоосомничен за терористичкиот акт кај Смилковско езеро, информации кои според телевизијата биле потврдени од страна на судот.

Според информациите на оваа телевизија, станува збор за лицето Хаки Хазири кој досега се претпоставувало дека се наоѓа во бегство. Лицето не е директен извршител на убиството, туку е осомничен дека и помагал на групата.

OhridNews