Контроверзниот бизнисмен од Велешта Дилавер Бојку Леку смртно е застрелан на плажата Аква Блу во центарот на Струга. Инцидентот се случил попладнево околу 17 часот. Врз Леку пукало засега непознато лице кое потоа се одалечило од местото на настанот и се наоѓа во бегство.

Со прострелни рани  Дилавер Бојку бил пренесен во струшката болница од каде ја потврдија информацијата дека тој им подлегнал на огнострелните повреди. 

Местото на настанот е под силно полициско обезбедување, каде во тек е увид кој го води јавен обвинител. Мешовити полициски тимови од Охрид и Струга преземаат мерки за пронаоѓање на убиецот, а покрај Струга се пребарува и теренот во неколку села во околината на градот. 

OhridNews