Денеска во ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид успешно беше спроведена продажната и изложбена акција на креативни изработки на рози од хартија и пластика, во која масовно учествуваа наставниците, родителите и учениците.

Собраните средства од продажната акција ќе се употребат за купување садници од рози, кои ќе бидат засадени во текот на идната недела.Покрај продажната акција, беа спроведени и еколошки активности за расчистување, засадување и уредување на училишниот двор по повод „Денот на пролетта“.

Дел од активностите во рамки на проектот „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ беа реализирани и во Основното училиште „Христо Узунов“.

Денеска оваа акција ја правиме заедно со родителите, учениците, целокупниот персонал на училиштето Христо Узунов.Направени се рачни изработки кои ги прават децата а исто така беа посадени рози по повод Денот Македонија земја на цвекето – Земја на розите. Со голем дел на рачно изработените предмети од децата направивме еден продажен панаѓур што ке имаме приход од некои средства кои што исто така ќе ги употребиме во разубавување на дворот на училиштето.“ . Најмладите , првооделенците пак имаа дефиле со пригодни маски по Охридската чаршија и програма на градскиот плоштад.“ – рече директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

OhridNews