На состаникот на Училишниот одбор на средното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охридски, со убедливо мннозинство гласови од тројцата предложени кандидати било одлучено за директор на гимназијата да биде предложен професорот по физичко образование Наум Јамандиев.

Јамандиев добил 9 гласа наспроти неговите против кандидати, актуелниот в.д. директор Никола Тренески, инаку професор по географија и Ѕвонко Трпески – професор по историја, кои добиле еден глас. 

Согласно Законот за средно образование, предлогот ќе биде доставен до градоначалникот Никола Бакрачески кој треба да го потврди изборот на директор на гимназијата. Доколку го прифати истиот ќе биде вратен на Училишниот одбор кој треба да донесе финална одлука. Доколу тоа не се случи ќе има нов избор, при што доколку веќе предложениот кандидат повторно ја добие поддршката на Училишниот одбор, истиот мора да биде потврден и од Локалната самоуправа, односно градоначалникот.

Одлуката на Училишниот одбор ја поздравија дел од политичките партии. Во соопштението на општинската организација на ЛДП – Охрид, се наведува дека одлуката на Училишниот одбор е доказ дека можат да се изберат квалитетни персонални решенија кога нема мешање на политиката во образованието.

OhridNews