зимски услови, по влажни коловози, особено во југозападниот и западниот
дел од земјава, каде има остатоци од снег на коловозот.
Патниот правец Р112 Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот
дел од патот до ски-центарот Кожув се уште се расчистува.
На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на
движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Ова
особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар – Струга,
Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има честа појава на
одрони.
Поради врнежите од снег, утрово забрана за движење на тешки товарни возила имаше на патниот правец Гостивар-Стража-крак Маврово-Дебар, како и на планинскиот превој Плетвар.