Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Ресен преку планинскиот превој Буково е укината во 15:50 часот. Околу еден час подоцна укината е и задолжителната употреба на зимска опрема за тешките товарни возила на планинскиот превој Ѓавато.

Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово – Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег, се укинати.

Инаку според последните информации сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Ресен преку планинскиот превој Буково се укинува во 15:50 часот.

УКИНАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПОТРЕБА НА ЗИМСКА ОПРЕМА: Задолжителната употреба на зимска опрема за тешките товарни возила на планинскиот превој Ѓавато се укинува во 16:20 часот.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово – Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег, се укинати.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози.