Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато, забавено, во зимски услови и по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег, информираат од АМСМ.

Забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан е укината од 18:00 часот и сообраќајот се одвива за сите видови на моторни возила, но се препорачува внимателно возење, бидејќи постои можност за појава на голомразица поради ниски температури. Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, како и задолжителна употреба на зимска опрема за патнички возила на патните правци Тетово – Попова Шапка и Тетово – г.п. Јажинце. Исто така забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот превој Стража, како и на патниот правец Крак – Маврово – Дебар. Планинските превои Пресека, Плетвар, Буково и Ѓавато се проодни за сите видови на возила, но движењето е отежнато и со остатоци од снег по коловозите. На патниот правец Маврово – Дебар можна е појава на снежни лавини.

OhridNews