Според најновите информации од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозите, но истите се опесочуваат континуирано.

Снежни врнежи утрово има на Попова Шапка и Гостивар кои поради многу слабиот интензитет не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Стража, укината е употребата на задолжителна зимската опрема за тешки товарни возила. По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат сите патни правци.

OhridNews