Три лица денеска се убиени во Кавадарци. Неофицијално убиени се татко, мајка и ќерка, а убиецот е 40-годишен жител на Кавадарци Т.С., поранешен припадник на полициската единица „Алфи“. Убиството се случило околу 16 часот во семејниот дом на жртвите.
Дел од медиумите објавија дека убиецот бил уапсен при обид да ја напушти државата, но полицијата ја нема потврдено оваа информација. Оттаму информираа дека по осомничениот се’ уште се трага.
Полицијата работи на расветлување на случајот, а неофицијално убиецот го извршил делото во знак на одмазда кон сопругата од која се развел.
Последното е уште едно во серијата повеќекратни убиства што се случија оваа година во Македонија. Две двојни убиства имаше во Охридско-струшкиот регион. Првото беше во Вевчани, а второто во Охрид. Вевчанскиот убиец беше уапсен непосредно по убиството, додека полицијата се’ уште трага по главниот осомничен за двојното убиство што овој август се случи во Охрид.
OhridNews