Пет лица од Битола, Прилеп и Крушево загинаа во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Битола-Прилеп, на надвозникот кон село Беранци,информира битолската полиција.

Како што пренесува „Макфакс“ во судирот учествувале два автомобили ’фиат тофас’ со скопски регистерски таблички и ’фолксваген голф’ со битолски таблички.

СВР Битола соопшти дека на лице место починале сите патници од ’фиатот’ и тоа Д.И. (38) и Б.Р. (24) од Битола и Ѓ.Ф. (20) од Прилеп.

Во другото возило се превезувале четири лица, сите од крушевското село Алдинци. Од нив две лица починале на лице место З.А. (17) и А.Н. (19), а две се здобиле со тешки телесни повреди А.Х. (21) и М.Ј. (18).

Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола извршиле увид на местото на несреќата, а истрагата за утврдување на причините сè уште е во тек.

OhridNews
извор:„Макфакс“