
ДИК ќе го заклучи избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид отпечатен во вид на изводи. ДИК го потпишува заклучениот избирачки список, односно изводите од избирачкиот список на кој се гласа најдоцна 15 дена пред денот на одржување на изборите, односно на 8 март на полноќ.
До 8 март треба да заврши и задолжителната едукација на членовите на општинските изборни комисии, а од 1 до 21 март општинските изборни комисии ќе организираат, вршат и спроведуваат едукација на членовите на избирачките одбори според Планот и Програмата на ДИК.












