По само неколку месеци минати на чело на Националната устанива фестивал Охридско лето, Васко Василески се повлече од функцијата директор.

Василески за OhridNews ја потврди својата одлука.

Оставката на Василески доаѓа по последните случувања поврзани со назначувањето на раководителите на раководителите на Охридскиот народен театар и на Македонската филхармонија, Горасн Стојаноски и Маја Чанаќевиќ за нови програмски селектори, кои само пет дена подоцна писмено ја известија фестивалската управа дека се повлекуваат од функциите.

Актерот и режисер Горан Стојаноски, кој непосредно по објавувањето на информацијата дека е назначен за драмски селектор на Охридско лето изрази благодарност за укажаната доверба, изјави дека по неколку преспиени ноќи и длабоко размислување, заклучил дека не е во можност да одговори еднакво квалитетно на две одговорни функции.

-Се работи за една дикомуникација, како и за обврски кон мојат матична куќа – Народниот театар Охрид. Toa e сериозна институција која оваа година подготвува пет нови проекти, а тука е и водењето на редовниот репертоар, за кој овoj млад театар треба да се бори. Така да после неколку дена отворено размислување и согледување на ситуацијата јас одлучив да не го потпишам договорот со Охридско лето, затоа што програмата може негативно да се одрази и на фестивалот и на театарот , кој во моментов го сметам за приоритет.-изјави Стојаноски.

Управниот одбор на фестивалот засега официјално не ги коментира последните случувања во националната установа, но најави одржување на итна седница на која ќе се разговара за актуелните проблеми. Во Охридско лето веќе извесно време во тек се инспекциски контроли, кои ги истражуваат наводите за одредени злоупотреби во минатото, а сериозен проблем претставуваат и големите долговите, неплатените даноци и други обврски  на установата кои се провлекуваат со години.

Превирањата во Охридско лето се случуваат непосредно пред стартот на подготовките за 52-то издание на фестивалот, кои поради актуелните случувања сега се во втор план.

OhridNews