По повод Велигденските празници учениците и наставниците од основното училиште „Григор Прличев“ организираа голема претпразнична забава.

Присутните имаа можност да купат рачно изработени велигденски предмети, како и да уживаат во изведбата на музичките точки подготвени од страна на учениците.

Весела претпразнична атмосфера имаше и во централното О.У. „Кочо Рацин“ и во подрачното училиште во село Долно Лакочереј ,каде  успешно беше спроведена  акцијата Велигденски хепенинг.   Се продаваа предметите кои минатата недела ги изработија учениците заедно со своите наставници и родители.

 

 

OhridNews