Регионалната ракометна СЕХА лига изгуби на квалитет, откако од понатамошно натпреварување се откажа унгарскиот шампион Веспрем.
Ракометниот гигант од Унгарија заминување од регионалната лига го најави минатата година, а го потврди пред почетокот на новата сезона.
Покрај тимот на Веспрем од СЕХА лигата се повлече и Извиѓач од Љубушки. Нивните места ги пополнија српските клубови Војводина и Динамо Панчево.
Македонија и следната сезона во имињата на Вардар и Металург ќе има два свои преставници. Одбраната на титулата „црвено црните“ ја започнуваат токму против Металург во македонското ракометно „ел класико“.
СЕХА лигата се очекува да започне на крајот од август месец, а да заврши во април следната година.
OhridNews