Советниците на опозициската ВМРО ДПМНЕ ја напуштија дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид, непосредно пред расправата за измени на статутот на општината, со  кои треба да се овозможи промена на печатите на локалната самоуправа согласно новото уставно име на државата Република Северна Македонија.

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, обвини дека општината пред речиси два месеца незаконски ги променила печатите, без измени на статутот за кои е потрбна одлука советот која не била изгласана и издавала документи на граѓаните со печат на кој пишивало Република Северна Македонија, за што според него, некој треба да сноси одговорност. – ВМРО ДПМНЕ не се согласува со измените на статутот на општината и затоа нашите советници нема да учествуваат во понатамошната работа на седницата, рече Пецаков, по што тој и неговите сопартијци ја напуштија седницата.

OhridNews