Со свеченост што ќе се одржи во сабота во кичевското село Извор и официјално ќе започне изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Пратеникот од Охрид Александар Николоски на својот Фејсбук профил денеска објави дека после години лобирање започнувва да се гради најбитниот инфраструктурен проект за Охрид и цела Западна Македонија.

Според најавите, автопатот од Охрид до Кичево,  треба да биде готов за 45 месеци.

Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловоза ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетоснки мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1990 метри. 

OhridNews