Како што информираат од министерството за внатрешни работи, утрово, околу 3 часот, на една од плажите, 23- годишен жител на охридското село Велгошти  со употреба на остар премет му нанел повреда, во пределот на стомакот,на 18- годишно лице од Охрид.

Истиот заради укажување на лекарска помош е пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а пријавениот е приведен во охридската Полициска станица.

Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews