Охриѓанец на возраст од 20 години го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која што се случила денеска околу 1 часот и 40 минути по полноќ, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај надвозникот во село Подмоље.
Според првичните информации, до несреќата дошло кога возилото марка „Шкода фелиција“, управувано од сега починатиот, движејќи се во правец кон Охрид, изгубило контрола и удрило во бетонски столб од надвозникот, по што авомобилот се запалил и настанала експлозија.
На местото на несреќата увид извршиле полициските служби, а дополнително ќе се утврдуваат причините за несреќата.
OhridNews