Утринава во 07:30ч. воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патните правци Маврово-Дебар, како и на планинскиот премин Ѓавато. Од 08:00ч. воведена е забрана на патните правци Струга-гр.премин Ќафасан, Тетово-Попова Шапка и на планинскиот премин Стража, информираат од АМСМ. Претходне беше соопштено дека забрана за товарни возила има и на патниот правец Охрид – Буково, која според податоците што објавени после 9 часот, најверојатно е укината.
Сообраќајот на останатите патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има врнежи и остатоци од снег на колозовот.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
OhridNews