Со одлука на синдикалната организација при ОСУ „ Св.Климент Охридски“, вработените во учлиштето денеска се приклучија кон Генералниот штрајк во образованието во организација на СОНК. 

Од синдикалната организација утрово информираа дека штрајкот е отпочнат и се реализира со големо мнозинство на вработните. 

Како причини за штрајкот, меѓу другото, наведени се новодонесените законски одредби кои се однесуваат на образованието.

OhridNews