Според најновите информации од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови. На повисоките места во западните и југозападните делови на државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.

Врнежи од снег во утринските часови се бележат на Попова Шапка, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Утрово, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на преминот  Буково и на патниот правец Ресен-Битола преку Ѓавато. Попладнево укината е забраната за движење на товарни возила на патниот правец Кичево- Гостивар преку преминот Стража и крак Маврово- Дебар.

По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

OhridNews