Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и Пресека, како и на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан. Снежни врнежи има на Попова Шапка, Маврово, Ресен, Буково и Ѓавато. На патниот правец Маврово –Дебар можна е појава на снежни лавини.
На возачите им се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.