
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со остатоци од снег на коловозите. Во северниот и северозападниод дел од државата има врнежи од дожд, додека пак снежни врнежи се бележат на патните правци Маврово, Плетвар и Пресека.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Поради ниски температури можна е појава на голомразица.
OhridNews












