Според најновите информации од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Се уште е на сила забраната за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека забраните на патниот правец Крак-Маврово-Дебар и планинскиот превој Ѓавато се укинати.

По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

OhridNews