Во селото Оровник, денеска надлежните започнаа со ископ на 150 метарски канал за поставување на водоводна инсталација, која треба да го подобри водоснабдувањто во ова населено место во општина Дебрца.
Проектот чија вредност се проценува на околу 180.000 денари, предвидува подобрување на водоснабдувањето на куќите од повисоките места во селото, истакна Игор Трајковски, градоначалник на општина Дебрца која комплетно го финансира градежниот зафат.
-Од една страна ваквите зафати значат дека во иднина нема да имаме проблими но и дека ги исполнуваме ветувањата пред изборите. Во деношно време навистина е недозволиво некој да нема вода. Наша заложба е во иднина секој жител на општина Дебарца да има чиста вода за пиење, изјави Трајковски.
Години наназад поради слаб притисок, куќите од повисоките места во село Оровник на лето во подолг период беа без вода за пиење, што предизвикуваше револт кај локалното население.
-Ние бевме најпогодени кои живееме најгоре во селово. Кога го колев прасето немав ни капка вода да се измијам, кога доаѓав од работа немав вода да се измијам. Некогаш бев толку револтиран што стануваше неподносливо да се живее тука, раскажува Бранко Мојсоски, жител на селото.
Инаку 450-те жители во Оровник се снабдуват со вода преку два водоводи, од пумпната станица Свети Еразмо и од селскиот водовод.
Од општина Дебрца најавуваат дека, реконструкцијата на мрежите за снабдување со вода ќе продолжи и во другите села каде има слични проблеми. За таа цел се изготвувал проектната документација по што ќе следи реализација.