Со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, ноќта сабота наспроти недела, започна зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот се вратија на 2 часот.
Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.
Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот. На овој начин се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето прв пат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 држави, од кои повеќето се на северната хемисфера.
OhridNews












