Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“, секторот за внатрешни работи Охрид, против39-годишен жител на Охрид, поднесе кривична пријава.
Како што информираат од СВР Охрид, на 8-ми овој месец, пријавениот во два наврати му упатил сериозни закани на директор на јавно претпријатие кој во својство на службено лице извршувал службени дејствија. Заканите, пријавениот ги извршил најнапред телефонски јавувајќи му се на неговиот службен мобилен телефон, изрекувајќи му низа навредливи, недолични и заканителни зборови. Истиот ден, пријавениот го забележал носителот на јавна функција во кафе бар во центарот на Охрид му пришол на масата на која седел и на висок тон му упатил сериозни закани, лични навреди и со недолично однесување го повикал надвор од објектот на физичка пресметка.
На соопштението на СВР Охрид, реагираше пријавениот, инаку сопственик на порталот „Ohridsky“. Во реакцијата се вели дека СВР Охрид, искористил политичка пресметка на уредникот на ОхридСкај со друг медиум, и тоа смислено.
-Имено неточни се комплетно наводите истакнати во соопштението на СВР Охрид, а во врска со наводен функционер, стои во реакцијата.
Според уредникот на порталот, пријавителот во полицикиот билтен воопшто не бил функционер, а барот кој бил наведен во истиот не постои, посочувајќи дека тој објект е брендиран како Штаб на Коалицијатаза подобра Македонија, и не е јавен локал , туку партиски штаб.
Понатаму се наведува дека пријавителот пред двајца припадници на МВР ја провоцирал редакцијата на ОхридСкај. Се забележува дека во пријавата се погрешени и годините на пријавениот. Исто така се прашува зошто се кријат кривичните пријави за пријавителот, со најава дека редакцијата на ОхридСкај ,утре до Државниот Обвинител ќе ги достави сите докази на наводните негови криминали.