Според најновите информации на АМСМ сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози и наместа остатоци од снег.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 -Доколу има нов бран на врнежи од снег на територија на Република Македонија во текот на денешниот ден, како што е најавено, кординативното тело на Минстерството за транспорт и врски донесе нови мерки и доколку снегот е со голем интензитет ќе се воведе забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните правци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно, информираат од АМСМ.

Оттаму ги советуваат сите граѓани за задолжително поседување на зимска опрема во моторните возила и доколку им се потребни информации за состојбата на регионалните и магистралните патни правци да ги контактираат на 15 555, а доколку им е потребна помош на пат или шлепување да ги контактираат на 196.

OhridNews