Со решение на министерот за внатрешни работи м-р Гордана Јанкуловска, за вршител на должноста началник на Секторот за внатрешни работи Охрид е именуван Зоран Сарафилоски, кој во изминатиов период ја извршуваше должноста нашалник на одделението на криминалистичка полиција во СВР Охрид.
Сарафилоски на раководната функција во СВР Охрид ќе го замениСтефан Буџакоски, кој на чело на охридската полиција се наоѓаше од 2006 година. Тој, како што информираат од полицијата, заминува од функцијата на негово барање.