И покрај тоа што поголем дел од површините во градот се хортикулутрно уредени и се уредуваат тековно и пред, но и за време на туристичката сезона, граѓаните реагираат за обрасната површина со висока трева на „Туристичка“.
Неубава слика претстува зелената површина помеѓу основното музичко училиште и станбениот блок кај Архивот, чии дворови, пак, се убаво уредени. Но, слободната зелена површина околу нив е обрасната со висока трева.
Сепак станува збор за фреквентна локација покрај главната сообраќајница и тротоар кои ги користат како нашите сограѓани, така и голем број туристи.
Ова е чест проблем кога станува збор за имоти и јавни површини каде не се дефинирани надлежностите. Граѓаните бараат да се интервенира и да се преземат соодветни мерки.
OhridNews