Хрватскиот стратег, 46-годишниот Ивица Обрван е новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, јавува „Мафакс“.
Според договорот потпишан во петок во Скопје, Обрван ќе да биде селектор до крајот на квалификациите за пласман на Европското првенство 2014, со клаузула да ја води репрезентацијата, доколку таа се пласира на континенталното првенство.
„Се надевам дека во соработка со Федерацијата и играчите ќе успееме да избориме пласман на Европското првенство. Размислувам на сите играчи и на оние кои најавија повлекување од репрезентацијата, затоа што ростерот не е многу широк и секоја повреда, како што е онаа на Манасков, може да ни предизвика проблем, рече Обрван
Ракометната репрезентација остана без селекторот по Светското првенство во Шпанија, кога Звонко Шундовски поднесе неотповиклива оставка на функцијата.
Комисијата на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во состав Гордана Нацева, Никола Панчевски и Ѓорѓи Тренковски, му даде предност на Обрван пред тројцата македонски стручњаци кои конкурираа за селекторската функција Илија Темелковски, Владимир Глигоров и Ристо Магдинчев.
Обрван е поранешен репрезентативец на Хрватска, со која на Европското првенство во 1994 година го освои бронзениот медал. Како тренер работел во Метковиќ, Медвешчак, Горење и Загреб.
Новиот селектор дебито на клупата на репрезентацијата ќе го има во дуелот со актуелниот светски првак Шпанија. Македонија, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во Данска, на 3.април, во Скопје ќе ја пречека Шпанија.
Со многу енергија, мотивираност и желба за нови успеси, ракометарите на ГРК Охрид ги започнаа подготовките за новата сезона Екипата е со осум нови играчи меѓу кои Филип Талески, Мартин Ивановски, Ш...
Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47 Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид Стартот на маратонот ќе биде од...
Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид и кариерата ќе ја продолжи во полскиот шампион Висла Плоцк Иако имаше важечки договор со охридскиот клуб, трансферот беше реализи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.