Обрван : Се обидувавме, но не успеавме да го одложиме „проклетиот“ натпревар
18.12.13 16:00
Левиот бек Наумче Мојсовски поради повредата на десното колено ќе го пропушти престојното Европскот првенство во Данска. Повредата македонскиот репрезентативец ја здоби на мечот од Сеха лигата меѓу градските ривали Металург и Вардар, кој беше последен за годинава.
– Овој проклет натпревар помеѓу Вардар и Металург се обидувавме, јас како селектор и Ракометната федерација на Македонија, да го одложиме по ЕП, но ете, за жал, не успеавме. Ни се оствари најцрното сценарио, кое најмалку го посакувавме. Сите во РФМ сме во шок по тежината на повредата на Наумче Мојсовски и неговото отсуство од ЕП, бидејќи тој е голем лидер и мотиватор на теренот. Ново име нема да повикам од поширокиот список, а ќе се обидам од она што остана на оваа позиција да го извлечам максимумот – изјави селекторот Ивица Обрван за дневниот весник „Нова Македонија“.
Македонија на ЕП во Данска кое ќе се одржи од 12 до 26 јануари следната година во група е сместена со домаќинот, Чешка и Австрија.
Ракометарите на Охрид во рамки на 3-то коло на Супер лигата во сабота гостуваат кај екипата на Бутел Играме против Бутел, млада и перспективна екипа која сигурно ќе влезе мотивирано и со многу енер...
Четиринаесет едриличари од клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ја претставуваа Македонија на 54 Балканско првенство во едрење кое се одржа во Волос, Грција, натпреварувајќи с...
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата вечерва ја пречекуваат екипата на Струга Подготвени сме, ќе го дадеме максимумот да ја постигнеме првата победа во оваа сезона во домашно...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.