Македонија во втората рунда од групната фаза на Европското првенство за противник го има домаќинот Полска. Селекторот Ивица Обрван најави борба за бодовите со сите расположливи средства.
– Ќе играме исто како со Франција. Машки, до крај. Имавме еден ден одмор за регенерација, за масажа, враќање на силите и ќе одиме на Полска. Публиката како ретко до сега ќе биде против нас, но и тоа треба да биде мотив повеќе. – рече Обрван.
Тој пред вториот меч на Македонија на ЕП направи ротација во составот и го вметна Филип Лазаров на местото од пивотменот Жарко Пешевски.
На првите натпревар Македонија и Полска имаа различен учинок. Нашата селекција загуби од Франција додека полјаците славеа над Србија.
Мх.П.