Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван шансата во групата со смртта во која се најде Македонија на ЕП во Полска ја гледа во Србија.


– Србија е многу непревидлива селекција бидејќи се им зависи од атмосферата во репрезентацијата. Тие имаат квалитет и искуство, но често имаат психолошки падови. – рече селекторот Обрван.


Нашиот северен сосед заедно со селекцијата на Македонија, домаќинот и апсолутниот владетел во светскиот ракомет Франција ја сочинуваат групата на смртта.

– Можеше да ни се падне полесна група, но пак можеше да биде уште потешка ако на местото од Србија ни паднесе селекцијата на Слованија. Имаме доста време пред нас да анализираме и да се подготвиме за најголемиот предизвик до сега. – додаде хрватскиот стручњак.

Македонија мечевите во групите ги започнува со Франција. Во второто коло ќе се сретне со Полска, а на крајот ќе ги одмери силите со Србија.

Мх.П.