Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска изрази загриженост дека новиот предлог-закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја ограничи слободата на медиумите во Македонија.

“Постојат голем број на прашања на загриженост во сегашниот нацрт-закон, како што се ризикот од преголемо регулирање и непотребни ограничувања што ќе се однесуваат и на онлајн и традиционалните медиумите. Ако се имплементира, овој закон може да ја ограничи слободата на медиумите во земјата “, рече Мијатовиќ, пренесува на официјалната веб страна Здружението на новинари на Македонија.

Мијатовиќ ја поздрави подготвеноста на македонската влада да ги разгледа коментарите и препораки за нацрт-законот.

“Ја цениме соработката помеѓу мојата канцеларија и властите во Скопје. Позитивно е тоа што периодот за јавни дебата за законот беше продолжен . Исто така се надевам дека препораките од оваа анализа ќе помогне во усогласување на законот со заложбите на ОБСЕ во земјата и меѓународните стандарди за слободата на медиумите “, порача Мијатовиќ од Будимпешта, каде учествува на семинар против говорот на омраза . Негативната оценка на Мијатовиќ за нацрт законот е поткрепена на анализата на меѓунардониот експерт, Катрин Нојман-Меткалф, што ОБСЕ го ангажирал за експертиза на македонскиот закон за медиуми.

Забелешките на ОБСЕ за владиниот нацрт-закон за медуми, во целост соодветствуваат на забелешките на ЗНМ, Синдикатот и МИМ, кој денеска беа доставени во Министерството за информатичко општество и администрација.

ОБСЕ целосно ја отфрла идејата, или поточно, законската одредба за регистрација на медиумите, печатени и електронски, со зборовите- таа одредба треба да биде избрише. Образложението е дека регистрацијата целосно може да ја загрози слободата на медиумите, посочуват од ЗНМ..

Сериозни забелешки има и за дефиницијата на електронски публикации (интернет портали, блогови и сл.), која се смета како за премногу широка и оттука ризикот за ограничување на слободата на медиумите.Дефиницијата на уредник и на новинар се отфрла, саморегулацијата и формалната регулација се смета дека не се соодветно регулирани и оттука ја замаглуваат разликата и со тоа и ограничувачки карактерот на саморегулацијата. Слободата на изразување се смета дека како дефиниција остава простор за ограничувања.

ЗНМ во изминатиот период формира три работни групи, составени од членови на Управните органи на Здружението, новинари, медиумски експерти и претставници на други новинарски и медиумски организации, кои го анализираа текстот на законот.

-Општиот заклучок на сите колеги е дека Нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги е во спротивност со духот на македонскиот Устав и европските стандарди воспоставени од Советот на Европа, кои гарантираат слобода на изразување. Заради тоа се бара тесктот да се повлече, а Владата да изготви измени и дополнувања на Законот за радиодифузна дејност, со кои ќе се вгради Европската директива за аудивизуелни медиумкски услуги. За потребата за подобрување на медиумската легислатива треба да се отвори широка расправа во која ќе се детекртираат слабостите на законите и ќе се понудат нови решенија за подобрување на амбиентот за работа на новинарите и на медиумите.-велат од ЗНМ, чии претставници денеска ги доставија забележките по однос на законот до Министерството за информатичко општество.

OhridNews