Со 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи, ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следат претстојните локални избори закажани за 24-ти март, што во однос на претходните два изборни циклуса е идентичен број лицата кои ќе го надгледуваат изборниот процес.

Според портпаролот на ОДИХР, Томас Рајмер, бојкотот на изборите од страна на опозициските партии, не влијаел на бројот на набљудувачи, пренесува „Алфа“.

Бројката не е одредена од бројот на кандидати, туку од опсегот на изборите и што се е потребно да се изврши професионално и сеопфатно набљудување.“ –  изјави Рајмер за оваа национална телевизија.

Според оценката на ОДИХР, иако по изборите во 2011 година се имплементирани дел од препораките на ОБСЕ, има уште голем број прашања на кои треба да се внимава на претстојните избори.

Меѓу нив се процедурата на составување на избирачкиот список, изборната кампања и можната злоупотреба на административните капацитети, медиумското покривање на изборите, процедурите за финансирањето на кампањите, но и на механизмот за поднесување приговори.

OhridNews