Усвојувањето на измените во Изборниот законик со кои се продолжува рокот за кандидатури за претстојните локални избори, денеска го поздрави Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламебрто Заниер.

„Се надевам дека политичките фактори ќе возвратат на оваа заложба осигурувајќи натпреварувачка и плурална средина на денот на изборите.“ – истакна Заниер.
Инаку, изјавата доаѓа по вчерашниот разговор со претседателот на земјава, Ѓорѓе Иванов, а Заниер констатирал дека политичката криза во Македонија има загрижувачки димензии.
OhridNews












